Posts

Охридско Езеро

Image
Охридско Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро’’. Езерото покрива површина од 358,2 km2 и се протега во должина од 30,8 km, а најголемата широчина изнесува 14,8 km. Должината на брегот изнесува 87,5km. Неговата длабочина достигнува до 289 m. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 km3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (2288 m), а на запад со Јабланица (2257 m). Се наоѓа на надморска...

Пелагонија

Image
Пелагонија е најголемата котлина во Македонија, која самата по себе образува и посебна релјефна целина во рамките на родопската група на релјеф. Сместена е во југозападниот дел на Република Македонија и северозападниот дел од Егејска Македонија. Опфаќа површина од околу 4.000 км² и нејзиниот правец на протегање е меридијански, север - југ, зафаќајќи должина од 80 километри и продолжувајќи кон Егејска Македонија. Пелагонија всушност го претставува централниот западен дел на етничка Македонија. Таа денес се протега во две држави: Република Македонија и Егејска Македонија. Се состои од Битолското и Прилепското Поле во басенот на Црна Река и нејзините притоки во Македонија и Леринското Поле во Егејска Македонија. Поради својата пространост и големина, полињата во котлината се поделени на помали пределни целини како: Заградско Поле, Садово Поле, Српополе (Српот) во Прилепско, Гладно Поле на преодот и Ѓаватско Поле, Моштенски села (поле) во Битолско, Буф-кол во Леринско. Котлината е опкруж...

Податоци за празникот Ѓурѓовден

Image
Ѓурѓовден е најголемиот христијански празник од пролетниот циклус кој што е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 23 април по Јулијанскиот календар, односно на 6 мај по стариот календар.. овој празник го празнува не само христијанското, туку и целото население воопшто. Има голема традиција во словенските земји, меѓу кои и во Македонија, што значи дека неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто . Во Македонија со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна поговорка се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден”. На овој ден се избираат селски одборници, протуѓери, полјаци, потоа се главуваат момоци, овчари, козари, говедари итн. Заедно со тоа луѓето се подготвуваат за периодот што следува и што е исполнет со многу, пред се, полски работи. Меѓу повеќето обичаи и песни поврзани со овој ден посебно значајно место заземаат оние т.н. билјарски обичаи и песни што ...